НТЦ учење низ игра

НТЦ систем за учење

Примарната улога на програмата НТЦ е да користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот. Програмата за учење НТЦ е составена од различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу студии, позитивно влијаат на развојот на мозокот во периодот кога тоа е најважно, во периодот на најинтензивен раст и развој, од раѓање до приближно десет години. Играта како внатрешна мотивација на детето е клучен фактор во програмата НТЦ.

Програмата НТЦ се карактеризира со три фази на имплементација. Интегрален дел од првата фаза се активностите за поддршка на развојот кои вклучуваат сложени моторни активности вклучувајќи фини моторни вештини, динамично сместување на очите, ротација, рамнотежа и движење. Втората фаза од програмата НТЦ се карактеризира со мисловни класификации, мисловни серии и асоцијации, додека третата фаза претставува работа на развој на дивергентно и конвергентно размислување, како и функционално знаење. Сите три фази од програмата НТЦ се спроведуваат преку игра, што како суштинска потреба на детето е клучен фактор во спроведувањето на НТЦ програмата. Овие три фази го обединуваат сензорно-моторниот и когнитивниот развој на детето.

Програмата НТЦ во Република Србија се спроведува од 2008 година и оттогаш почна да се шири и надвор од границите на Европа. Денес програмата НТЦ се спроведува во 17 европски земји, а е акредитирана од министреството за образование во 7 земји (Србија, Словенија, Хрватска, Чешка, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина). Во други земји се спроведува во соработка со образовните институции (Италија, Грција, Шведска, Исланд, Унгарија, Романија, Бугарија, Швајцарија, Словачка и Полска).

Scroll to Top