Работилници

НТЦ работилници во Скопје

Најважен период за развој на мозокот и когнитивните способности е до дванаесеттата година, а особено во првите неколку години од животот. Тоа покажува колку е голема улогата и одговорноста на родителите за детето да го достигне својот потенцијал. Најскапоцениот период е времето пред поаѓање на училиште, бидејќи тогаш развојот на мозокот е најинтензивен. На важноста на овој период укажуваат и многу истражувања во кои јасно е посочено дека времето и трудот што го вложуваме во образованието на детето на рана возраст има далеку поголемо влијание отколку кога тоа го правиме во подоцнежен период.

Работилниците за НТЦ за деца се дизајнирани од авторите на програмата „НТЦ систем за учење“. Автор е д-р Ранко Рајовиќ, долгогодишен член на Светскиот комитет за надарени деца Менса. Коавтор на програмата е Урош Петровиќ, писател и автор на 12 книги од областа на литературата за деца и млади. Работилниците ги спроведуваат овластени предавачи (наставници, едукатори, стручни асистенти).

Работилниците се одржуваат еднаш неделно во текот на учебната година, 32 работилници се одржуваат во текот на годината со паузи за време на празниците. Работилниците траат 60 минути за мини 3, мини 4 и белата група и 90 минути за другите групи, еднаш неделно.

Цели на работилниците

  • подигање на нивото на интелектуалните способности
  • поттикнување на длабоко внимание и концентрација
  • развивање на координација на движењата и моторни вештини
  • развивање брзина на набљудување и размислување
  • обука за поврзување информации и расудување (функционално знаење)
  • стекнување самодоверба и независност
  • поттикнување на комуникација и креативност
  • зајакнување на соработката и тимскиот дух

Возрасти

Фази на НТЦ програмата

1. Стимулација на развојот на нервните врски и патишта
Оваа фаза ја нагласува важноста од развивање моторни и графомоторни вештини кои го помагаат физичкиот и интелектуалниот развој на децата. Преку низа активности, децата ги наоѓаат најдобрите решенија за надминување на пречките и ја развиваат својата координација, како и чувството за простор. Во нашиот училишен систем, игрите како ротација, скокање и графомоторика се неправедно запоставени на штета на децата и нивниот севкупен развој. Преку системот NTC, д-р Рајовиќ овозможува едноставни, ефективни и пред се корисни графомоторни вежби кои имаат стимулирачки ефект врз физичкиот, а според најновите истражувања и менталниот развој на детето.

2. Стимулација на развојот на мисловните процеси
Во втората фаза се претставени повеќе нивоа, од препознавање на апстрактни концепти до нивно поврзување и вешто ракување преку апстрактна класификација, серијализација и асоцијација. Повеќето деца спонтано препознаваат апстрактни симболи, но со текот на времето губат интерес бидејќи родителите не знаат како да ги однесат на повисоко ниво кое е исклучително стимулативно за развој на мисловните процеси. Токму NTC наоѓа премини кон посложени форми на апстрактни класификации и серии, што е основа на развојот на математичката/логичката интелигенција.

3. Стимулација на развој на функционално размислување
Развојот на функционалното размислување е императив за да се стигне до образовниот систем на поразвиените земји. NTC го поттикнува развојот на функционалното размислување со помош на збунувачки прашања и приказни кои децата со задоволство ги решаваат.

За повеќе информации и пријавување

(function($) { $(document).ready(function() { // Find the accordion element on the page. You might need to adjust the selector. var $accordion = $(".elementor-tab-title"); // Prevent the first item from being open by default. $accordion.find(".elementor-tab-title:first").removeClass("elementor-active"); // Toggle accordion items on icon click. $accordion.on("click", ".your-accordion-icon-selector", function() { var $accordionItem = $(this).closest(".elementor-tab-title"); $accordionItem.toggleClass("elementor-active"); console.log('tuka'); }); }); })(jQuery);